|
Почитувани,
Ми претставува особена чест и задоволство да ви ја претставам WEB страната на Општината Шуто Оризари, единствената општина во Р.Македонија со мнозинско Ромско население и градоначалник Ром.
Се надевам дека понудените содржини ќе одговорат на целта - претставување на општина Шуто Оризари пред домашните и странските посетители на web страната на општината од аспект на демографските, историските, стопанските, образовните, културните карактеристики, активности и објекти, како и од аспект на проектите кои се реализирани и кои се надеваме дека ќе ги реализираме во иднина.
Општината како посебна единица на локалната самоуправа постои седум години во кои ја оправда целта на своето постоење со постојана и неуморна работа за подобрување на општите услови на живот и стандардот на граѓаните. Локалната самоуправа граѓаните ја чувствуваат како најблиската инстанца преку која можат да комуницираат со институциите на власта и преку која најнепосредно можат да ги артикулираат своите потреби и проблемите со кои се соочуваат.
Основањето и постоењето на Општината Шуто Оризари претставува настан од историско значење затоа што за прв пат во историјата на Ромите се создадени услови за нивна целосна национална афирмација во Р.Македонија.
Визијата за развојот на Општина Шуто Оризари е изградба на модерна урбана општина, за која цел ќе мора неуморно да се работи, а воедно и поддршката од сите ќе биде драгоцена.
| |
ГРАДОНАЧАЛНИК
НА ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ
Ердуан Исени
|
|