|
МЕСТОПОЛОЖБА
Општината Шуто Оризари како интегрален дел на Град Скопје се наоѓа на северниот дел од Градот на преодот меѓу општините Чаир и Чучер Сандево. Општината се простира на површина од 635 ха од кои урбаната
населба Шуто Оризари опфаќа 135 ха. Општина Шуто Оризари е составена од населбата Шуто Оризари и населените места Горно и Долно Оризари.
Магистралната сообраќајница "Шуто Оризари" ја поврзува општината Шуто Оризари со Градот Скопје, а периферните локални патишта кои се поврзани на оваа сообраќајница ја поврзуваат општината
со околните населени места лоцирани во Скопска Црна Гора.
карта на општината
(кликнете на картата за поголема слика)
ДЕМОГРАФСКИ КАРАКТЕРИСТИКИ
Според официјалните податоци на Заводот за статистика од последниот попис во 2002 год. во општината Шуто Оризари живеат 18.907 жители.
|
Националност
|
Вкупен број
|
Процент
|
|
1.Роми
|
15.373
|
79,1 %
|
|
2.Албанци
|
2.012
|
11,9 %
|
|
3.Македонци
|
1.200
|
7,1 %
|
|
4.Турци
|
68
|
0,4 %
|
|
5.Срби
|
51
|
0,3 %
|
|
6.Други
|
203
|
1,2 %
|
И покрај неофицијалните податоци од Заводот за статистика ние ве информираме дека во Општината Шуто Оризари има 16.000 гласачко тело.
Според неофицијалниот локален попис во 2002 година во Општината Шуто Оризари имаме 29.313 жители.
По косовската криза во Општината Шуто Оризари се наоѓаат 2.814 Косовски Роми со моментален статус на привремено згрижени лица.
|