|
ОБРАЗОВАНИЕ
Во Општината Шуто Оризари постојат две основни училишта.
Во основното училиште "Браќа Рамиз и Хамид" наставата ја посетуваат 3000 ученици, а во основното училиште "26 Јули" околу
2100 ученици. Наставата во училиштата се одвива на македонски јазик, а постои можност за факултативно изучување на ромскиот јазик.
Поради забрзаниот природен пораст на населението во општината постоечките образовни капацитети се претесни за квалитетно одвивање на наставата. Тоа е еден од приоритетните проблеми за кои локалната
самоуправа настојува да пронајде што поскоро решение. Населението во општината сериозно го чувствува и недостатокот од средно училиште, што негативно се одразува врз општата образовна структура.
>> Културa >>
|