ИНФОРМАЦИИ
  Контакт
  Историјат
  Местоположба
  Демографија
  Образование
  Култура
  Спорт
  Социјала и здравство
  Инфраструктура
  Стопанство
   ОРГАНИ
  Градоначалник
  Совет на општината
  Органи на општината
   ПРОЕКТИ
  Реализирани проекти
  Тековни проекти
  Идни проекти
  Капитални објекти
   

СПОРТ

За развојот на спортот во општината има неколку спортски терени,а најголем од нив е новоизградениот спортско рекреативен центар "Шуто Оирзари" и фудбалското игралиште "Напредок". Постојат голем број на спортски клубови и здруженија во кои се развиваат различни спортови.

Б.К. Тернипе

BK TernipeБ.К. Тернипе е формиран на 04.07.1996 година, а за председател е едногласно е избран Ахмед Насер, кој има голем допринос во однос на финансирањето на клубот. Клубот е член на нoвата македонска прва боксерска лига, која е формирана 1996 година.

Учествува на екипно прволигашко натпреварување, на кој има завидни резултати, меѓу 12 клубови, освоено е третото место во лигата.
Исто така учествува на Златниот Гонг 1996 и 1997 година, каде што има освоено две први места.

Во 1997 година, клубот има организирано меѓународен турнир по повод празникот 8-ми април - Меѓународен ден на Ромите.
Клубот е спонзориран од Општината Шуто Оризари која распределува средства од буџетот за таа намена, како и од средства донирани од граѓани.
Клубот располага со пет репрезентативци: два сениори и три јуниори.

Б.К. Тернипе од 01.09.2004 ќе отвора боксерска школа за млади таленти, која ќе биде водена од два боксери под раководство на првиот тренер Џељадин Јадигар.