|
СТОПАНСКИ И ДЕЛОВНИ СУБЈЕКТИ
Иако Општина Шуто Оризари се наоѓа во склоп на економски - административно најразвиениот град - Скопје, таа е една од економски најнеразвиените општини во Републиката. На подрачјето
на нејзината територија не постои ниту еден значаен индустриски капацитет. Тоа е и причината за високиот степен на невработеност во општината, како и големиот број на социјални случаи.
Главен извор за егзистенција на граѓаните е ситната трговија која се одвива на нашироко познатиот пазар за текстил и бижутерија. Впрочем Ромите и се познати како добри трговци. Од занаетчиството
застапени се ковачкиот, столарскиот, златарскиот, шивачкиот и др ситни занаети.
Од тука потекнува и предизвикот пред граѓаните и особено органите на локалната самоуправа за идно инвестирање во дизајнирање на локалниот економски развој, свесни дека само економски независни граѓани
се услов за иден просперитет на општината во полна смисла на зборот.
|