|
СОЦИЈАЛА И ЗДРАВСТВО
За зближување на социјалната служба - Центар за социјална работа- до граѓаните на Општината Шуто Оризари, општината преку своите органи успеа во текот на месец октомври да отвори социјална канцеларија,
односно истурено одделение на Центарот за социјална работа каде граѓаните ги остваруваат своите права од областа на социјалната заштита без да се изложуваат на непотребни трошоци патувајќи
до подрачната работна единица во Чаир.
За превентивна здравствена заштита на подрачјето на општината постои здравствен дом Шуто Оризари, како и приватни амбуланти.
За згрижување на најмладите членови на заедницата постои детска градинка "Снежана", а најстарите членови во заедницата ги користат просториите на Пензионерскиот дом.
ИНФРАСТРУКТУРА И ДОМУВАЊЕ
После триесет години запоставеност на општината во сферата на инфраструктурата, посериозни инфраструктурни зафати се реализирани во последниве 7 години со формирањето на локалната самоуправа. Со
тоа е започнат процесот на подобрување на општите услови за урбано живеење, на кое поле во идните години ќе мора да се вложат уште поголеми напори.
Во сферата на домувањето забележливи се дијаметрални спротивности: од трошни живеалишта од најнизок стандард, до домови изградени по најсовремени градежно-архитектонски стандарди.
|